Денес, 15.10.2026 година, во просториите на Ракометната федерација на Македонија, се одржа прес-конференција на која присуствуваа претседателот на РФМ, Александар Стефанов, селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров.
На прес-конференцијата се говореше за претстојните квалификации за Европското првенство 2028, а воедно беше официјално претставено и новото засилување на македонскиот национален тим, Дмитро Горига.
Горига, кој е добро познат на македонската ракометна јавност, доби официјална дозвола од Светската ракометна федерација (ИХФ) да настапува во дресот на македонската репрезентација.
Ракометарот, кој моментално настапува за унгарскиот клуб ПИК Сегед, од денес и официјално му е ставен на располагање на стручниот штаб на машката сениорска репрезентација на Македонија.


(фото – РФМ)📷








