Екипата на Стружанка забележа победа против екипата на Шампион со конечни 21-19 во Женската Прва лига.
Иако составот на Шампион водеше во второто полувреме, но Стружанка со пресврт успеа да слави победа.
Најефикасни во редовите на Стружанка беа Марија Маркоска и Бојана Билкова со по пет гола, додека кај Шампион најефикасна беше Ева Трпкова со шест гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷







