Рк Голден Арт

Нова победа на Голден Арт во Првата лига, совладан Куманово

Екипата на Голден Арт го совлада составот на Куманово на домашен терен во натпревар од Првата лига, со конечни 36-23.

Составот на Голден Арт го имаше водството до крајот на првиот дел со резултат 19-12. Во вториот дел домашната екипата ја удвои предноста против гостинската екипа, и забележа нов триумф во првата лига.

Најефикасен во составот на Голден Арт беше Ивица Илиев со девет погодоци, додека најефикасен во составот на Куманово беше Влатко Тасевски со пет погодоци.

Рк Голден Арт 36-23 МРК Куманово

(фото-Рк Голден Арт)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести