Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ги започнува квалификациите за Европското првенство 2028 година.
Нашите ракометари пред домашната публика ќе ги одмерат силите со репрезентацијата на Луксембург.
Во продажба се билетите и се достапни на следниот линк: https://mktickets.mk/event/mkd-lux/. Цената на билетите е по 300, 400 и 500 денари.
Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург се игра вo среда на 4 ноември со почеток од 19:00 часот.

(фото – РФМ)📷








