Екипата на Вардар во сезоната 2026/2027 ќе има нов капитен – голманот Васил Гогов, додека заменик капитен ќе биде Јака Малус.
Васил Гогов – играч кој долго време е верен на клубот, кој растеше со Вардар, се бореше за овој дрес и секогаш беше дел од црвено-црната приказна, сега добива нова и одговорна улога – да биде лидер на тимот на теренот и надвор од него.
“Капитенската лента е чест, но и обврска. Таа носи одговорност, карактер и пример за сите во соблекувалната. Веруваме дека Васил со својата посветеност, работа и љубов кон клубот ќе ја носи достоинствено”, – стои во објавата на Рк Вардар 1961.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








