Ракометарките на Вардар извадоја нерешено (26-26) со екипата на Јуро Унирек на гостувањето во Холандија во натпревар од Европскиот Куп и достојно се простија.
Во првото полувреме двете екипи одиграа рамноправно, вардарки на полувреме заминаа со еден гол предност 12-11. Исто така и второто полувреме беше рамноправно па двете екипи се задоволија со реми, додека Вардар се прости од Европскиот Куп, а тимот на Јуро Унирек од Холандија продолжува со натпреварувањето понатаму.
Најефикасна во составот на Вардар беше Бојана Диневска со шест погодоци, одлична на голот на вардарки беше Јована Трајкоска со 10 одбрани, додека најефикасна во составот на Јуро Унирек беше Стеверинк со шест погодоци.
Јуро Унирек 26-26 Вардар

(фото-Вардарфанс)📷