Екипата на Струга забележа победа против екипата на Еурофарм Пелистер 2 со минимални 25-24 во Супер лигата.
Иако во самиот финиш беше неизвесно сепак составот на Струга со погодок извојува победа против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасни во редовите на Струга беа Марио Танкоски и Никола Јукиќ со по шест гола, додека кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 најефикасни беа Божидар Илиески и Давид Димевски со по седум гола.
(фото – Рк Струга)📷








