Во кадетската лига во натпревар од 5. коло градското дерби меѓу екипите на Деспина и Маркови Кули заврши нерешено со резултат 19-19.
Иако составот на Деспина водеше на полувреме со резултат 11-7, сепак ракометарките на Маркови Кули со добра игра се вратија, па на крај двете екипи си поделат по еден бод.
Најефикасна во редовите на Маркови Кули беше Јана Трајкоски со шест гола, додека кај Деспина најефикасна беше Ивана Конеска со десет гола.
(фото – ЖРК Маркови Кули)📷








