Екипата на Вардар и ракометарот Виктор Јанковски ја продолжија и потпишаа нова соработка до 2028 година.
Вардар на социјалните мрежи со задоволство објави дека полскиот репрезентативен пивот и во наредната сезона ќе го носи црвено-црн дрес.
Виктор Јанковски во изминатиот период се етаблираше како една од најважните алки во составот, а во Вардар ќе остане најмалку до 2028 година.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








