Екипата на Алкалоид го совлада Јуниор Кисела Вода во дербито од Првата лига од групата Б со минимални 30-29.
Од почетокот на натпреварот се играше израмнето на теренот, на полувремето водството го имаше Алкалоид со 17-15. Јуниор Кисела Вода се обидуваше да возврати но не успеваше, и гостинската екипа ги однесе бодовите.
Најефикасен во составот на Алкалоид беше Мартин Серафимов со седум погодоци, додека кај Јуниор Кисела Вода најефикасен беше Дарио Симоноски со осум погодоци.
Рк Јуниор Кисела Вода 29-30 Рк Алкалоид


(фото-Рк Алкалоид)📷