Екипата на Охрид забележа победа против екипата на Младост Богданци со конечни 24-20 во натпревар од Супер лигата.
Иако составот на Младост Богданци одигра добар натпревар, сепак тимот на Охрид се радуваше на победа.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Дарко Ѓукиќ со пет гола, додека кај Младост Богданци најефикасен беше Даниел Андоновски со осум гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








