Екипата на Охрид ја очекува двомеч против екипата на Драгунас Клаипеда во натпревар од 3. коло од Европскиот Куп.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Шуичи Јошида кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на две победи против тимот на Драгунас Клаипеда.
“По победата над Тиквеш, имаме самодоверба во одбраната и нападот. Одиме на победа на двата натпревари пред нашата публика како бранители на титулата во ЕХФ Европскиот Куп”, – изјави ракометарот на Охрид, Шуичи Јошида.

(фото – ГРК Охрид)📷








