Собир на сениорките за ЕП 2026 година (ФОТО)

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска го одржа својот собир во хотелот „Three Corner“ во Скопје, со што официјално започнаа подготовките за претстојното Европско првенство 2026.

Во рамки на подготовките, нашите репрезентативки ќе учествуваат на меѓународен подготвителен турнир во Анкара, Турција, од 27 до 29 ноември, каде што ќе ги одмерат силите со селекциите на Финска, Италија и Турција.

На Европското првенстов 2026, Македонија ќе настапи во групата Б во Клуж, Напока, Романија, каде што ќе се соочи со репрезентациите на Романија, Норвешка и Швајцарија.

(фото – РФМ)📷



Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *