Лесна и убедлива победа за ракометарките на Куманово против екипата на Кузман во натпревар од Суперлигата, со убедливи 47-20.
Составот на Куманово доминираше на теренот во текот на целиот натпревар, а на полувреме имаше предност од 21-9. Кумановки доминираа и второто полувреме, и триумфираа убедливо против составот на Кузман за првото место на табелата во Суперлигата.
Најефикасна во составот на Куманово беше Наташа Нолевска со девет погодоци, додека најефикасна во екипата на Кузман беше Анастасија Ѓорѓиева со седум погодоци.
ЖРК Куманово 47-20 ЖРК Кузман
(фото-ЖРК Куманово)📷