Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беа одредени паровите за осминафиналето во Европскиот Куп во женска конкуренција.
Екипата на Чаир за противник ја доби екипата на Галичанка Лвов од Украина во осминафиналето од Европскиот Куп.
Првиот натпревар меѓу екипите на Чаир и Галичанка Лвов ќе се одигра на 9 или 10 јануари, додека вториот натпревар е една недела подоцна.

(фото – ЖРК Чаир)📷








