Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против екипата на Шампион со убедливи 40-21 во Женската Прва лига.
Составот на Овче Поле Славјански Универзитет победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме водеше со високи 20-9.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со 18 погодоци, додека кај Шампион најефикасни беа Евгенија Бошковска, Бојана Божиновска, Христина Трајанова, Миа Петровска и Ана Ристевска со по 4 погодоци.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷








