Прва победа за Спартак во Женската Суперлига, совладана екипата на Астибо со минимални 25-24.
Се играше рамноправно во текот на првото полувреме. На полувремето Астибо замина со предност од 12-10. Во второто полувреме Спартак направи пресврт и на крајот од натпреварот дојде до посакуваната победа во Суперлигата.
Најефикасна во составот на Спартак беше Ангела Гроздановска со девет погодоци, додека најефикасна во составот на Астибо беше Драгана Стојанова со 12 погодоци.
ЖРК Спартак 25-24 ЖРК Астибо
(фото-ЖРК Спартак)📷