Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар на гостински терен против екипата на Еурофарм Пелистер во рамки од 12. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Давид Савревски, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на позитивен резултат против Еурофарм Пелистер.
“Не очекува тежок натпревар против Еурофарм Пелистер во Битола, пред полна сала и одлична атмосфера. Свесни сме дека не очекува голем предизвик и затоа мора да бидеме цврсти во одбраната, а во нападот да играме смирено и дисциплинирано. Верувам дека со максимална борбеност, концентрација и тимска игра можеме да стигнеме до нови бодови”, – изјави ракометарот на Охрид, Давид Савревски.

(фото – ГРК Охрид)📷








