Ракометарите на Металург и ракометарите на Текстилец одиграа нерешено (33-33) во натпревар од Првата лига.
Двете екипи играа рамноправно во текот на целиот натпревар. Ракометарите на Металург РА имаа подршка од тренерот Миле Бочкароски кој дебитираше на овој натпревар. Екипата на Текстилец го доби полувремето, во вториот дел од натпреварот двете екипи се бореа гол за гол, за на крај натпреварот да заврши нерешено 33-33.
Најефикасен во екипата на Металург РА беше Џулијано Христоски со пет погодоци, додека најефикасен во составот на Текстилец беше Јованов со десет погодоци.
Рк Металург РА 33-33 Рк Текстилец


(фото-Рк Металург РА)📷