Женската сениорска репрезентација на Македонија забележа победа против селекцијата на Финска со конечни 31-24 на пријателски натпревар.
Селекцијата на Македонија го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да ја совлада Финска.
Наjдобри стрелци во македонскиот состав беа Сара Ристовска со шест гола и Емилиjана Ризоска со пет погодоци, а по четири пати стрелаа Мариjа Jанкуловска, Joвана Киприjановска и Ивана Гакидова.
(фото – РФМ)📷








