Екипата на Аеродром забележа победа на гостувањето кај екипата на Партизан Гевгелија со конечни 30-28 во Првата лига.
Составот на Аеродром водеше во текот на целиот натпревар, па на крај да триумфира против Партизан Гевгелија.
Најефикасен во редовите на Аеродром беше Ангел Мирчевски со седум гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Горан Лисичков исто така со седум гола.
(фото – Рк Аеродром)📷








