Еурофарм Пелистер

Висока победа на Еурофарм Пелистер против Татабања

Ракометарите на Еурофарм Пелистер прославија висока победа против Татабања во натпревар од Лигата на Европа со убедливи 33-20.

На почетокот од првото полувреме се играше гол за гол, но Еурофарм Пелистер успеа да го презеде водството и на полувреме да замине со 17-9. Во вториот дел од натпреварот продолжи добрата игра на Еурофарм Пелистер, а екипата на Татабања немаше одговор за одбраната на домашната екипа, и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасен во составот на Еурофарм Пелистер беше Матео Мараш со шест погодоци, додека кај екипата на Татабања најефикасен беше Бенце Хорњак исто така со шест погодоци.

Еурофарм Пелистер 33-20 Татабања

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.