Од јуни Нант со нов тренер

Екипата на Нант го промовираше новиот тренер за следните две сезони.

Станува збор за Грегори Кожан, кој му беше асистент на Алберто Ентрериос и доаѓа на негово место. Тој и клубот потпишаа соработка на две години, а неговиот договор започнува од јуни.

Грегори Кожан е 16 години дел од клубот, тој работеше како директор на развојниот центар на Нант.

 (фото-Рк Нант)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.