Вардар Пик Сегед

Вардар поразен од Пик Сегед во Јане Сандански!

Екипата на Вардар загуби на домашен терен од екипата на Пик Сегед (27-30) во натпревар од Лигата на шампионите.

Пик Сегед во првото полувреме ја контролираше играта, и на полувреме замина со седум гола предност (9-16). Во вториот дел од натпреварот составот на Вардар се обидуваше да се врати, но немаше сили и мораше да се задоволи со пораз. Следен натпревар за составот на Вардар е гостувањето на гостински терен против екипата на Кил.

Најефикасен во екипата на Вардар беше Тимур Дибиров со пет погодоци, додека најефикасен во составот на Пик Сегед беше Марио Шоштариќ со седум погодоци.

Вардар 1961 27-30 Пик Сегед

(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.