Екипата на Куманово славеше победа на домашен терен против Аеродром во Првата лига, со 32-24.
Составот на Куманово доминираше во првото полувреме, а имаше и водство од 16-8. Во второто полувреме Аеродром немаше сили да возврати и мораше да се задоволи со пораз на гостувањето кај екипата на Куманово.
Најефикасен во екипата на Куманово беше Виктор Петковски со шест погодоци, додека најефикасен во составот на Аеродром беше Иван Митревски со осум погодоци.
МРК Куманово 32-24 Рк Аеродром
(фото-МРК Куманово)📷