Составот на Драчево забележа победа против Работнички во Првата лига, со 37-33.
Екипата на Драчево го презеде водството во првото полувреме и замина со предност од 21-16. Во вториот дел од натпреварот екипата на Драчево продолжи со добрата серија, Работнички немаше сили да возврати и мораше да се задоволи со пораз.
Најефикасен во екипата на Драчево беше Александар Димовски со десет погодоци, додека најефикасен во екипата на Работнички беше Ѓорѓи Дука со осум погодоци.
Рк Драчево 37-33 Рк Работнички
(фото-Рк Драчево)📷