Лига на Европа

Нексе го совлада Горење, реми помеѓу ГОГ и Нант

Екипата на Нексе убедливо славеше победа против Горење во натпревар од Лигата на Европа со 31-23. Најефикасен во Нексе беше Халил Јагањац со девет погодоци, додека во екипата на Горење најефикасен беше Ибрахим Хасељиќ со шест погодоци.

Реми помеѓу ГОГ Гудме и Нант (29-29) во 5. коло од Лигата на Европа. Најефикасен во составот на ГОГ Гудме беше Питлик со седум погодоци, додека кај Нант втор стрелец беше Кире Лазаров со пет погодоци.

Резултати од 5. коло од Лигата на Европа (мажи):

ГОГ Гудме 29-29 Нант
Кадетен Шафхаузен 30-26 АЕК Атина
Лемго 30-27 Чеховски Медведи
Ним 24-22 Татабања
Савехоф 33-31 Екс Ан Прованс
Висла Плоцк-Бидасоа Ирун одложена
Бенфика 37-23 Кокс
Фуксе Берлин 35-29 Винтертур
Магдебург 33-31 Ла Риоха
Нексе 31-23 Горење
Спортинг 27-27 Еурофарм Пелистер
Тулуз 34-20 Татран Прешов

(фото-ЕХФ Лига на Европа)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.