Ракометарките на Вардар забележаа победа на гостувањето во Штип кај Астибо со убедливи 38-25.
Вардарки уште од почетокот на натпреварот направија добра серија, за на полувреме да имаат водство од 17-8. Во вториот дел вардарки продолжија со добрата игра на теренот, и успеаа да слават против Астибо со убедливи 38-25.
Најефикасна во составот на Вардар беше Сара Миновска со девет погодоци, додека кај Астибо најефиксна беше Марија Анчева со 12 погодоци.
ЖРК Астибо 25-38 ЖРК Вардар
(фото-Вардарфанс)📷