Составот на Охрид успа да слави убедлива победа во езерското дерби против Струга со конечни 29-18.
Екипата на Охрид уште на почетокот направи добра серија, за на полувреме да замини со водство од 14-7. Добрата серија на Охрид продолжи и второто полувреме, па така да Струга немаше што да бара на гостувањето во Охрид.
Најефикасен во екипата на Охрид беше Иван Тасески со шест погодоци, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Владан Кастратовиќ со девет погодоци.
ГРК Охрид 29-18 Рк Струга
(фото-ГРК Охрид)📷