Ракометарките на Феникс АМС со победа се враќаат од гостувањето во Скопје кај Кузман со 31-28.
Двете екипи одиграа рамноправно во текот на првиот дел од натпреварот. Вториот дел од натпреварот помина со добра игра за екипата на Феникс АМС, за на крај да слави победа против Кузман со 31-28.
Најефикасна во екипата на Феникс АМС беше Илиевска со девет погодоци, додека кај екипата на Кузман најефикасна беше Ѓорѓиева со 13 погодоци.
ЖРК Кузман 28-31 ЖРК Феникс АМС
(фото-ЖРК Феникс АМС)📷