Веселин Вујовиќ тренер за Рк Вардар 1961 за интервјуто изјави:
- Како е чувството да сте одново тренер на Вардар?
- Чувството дека повторно сум тренер на Вардар е одлично, иако резултатите што ги постигнуваме во последно време не ми дозволуваат целосно да уживам.
2. Вардар влезе во лоша серија последниве неколку натпревари, што мислите дали ќе се надминe таа криза во деновите и натпреварите што следуваат?
- Објективно сме во позиција каде што заслужуваме квалитет, се уште имаме противници со кои можеме да играме рамноправно, Загреб, Елверум, Мешков Брест.
3. Во зимскиот рок за трансфери дали Вардар би се засилил со неколку играчи,дали Вардар преговара со неколку засилувања,и на кој позиции би се засилил Вардар?
- Неопходно е да донесеме уште еден играч на позиција среден бек, а можеби и некој играч од домашната лига.
4. До која фаза очекувате Вардар да се пласира во Лигата на шампионите,и дали ќе атакувате на титулата во Сеха Лигата, и Суперлигата во Македонија?
- Во Лигата на шампионите очекувам да одиме во следната фаза, а за другите натпреварувања да се бориме за титули.
5. Според вас дали добро се вложува во спортот,ракометот во Македонија?
- Прашањето за спортот во Македонија и секако ракометот се уште не е решено, треба да се инвестира во инфраструктура на квалитетни сали, и во млади играчи.




(фото – Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷