Литванскиот репрезентативец Аиденас Малашинскас ја продолжи соработката со украинскиот тим Мотор Запорожје.
Тој со клубот потпиша договор на уште две години соработка. Плејмејкерот премина во украинскиот клуб во 2015 година. Во текот на седумте години поминати во украинскиот тим, Аиденас Малашинскас двапати беше прогласен за најдобар играч на украинската Супер лига. Тој, исто така, повеќепати му помогна на тимот во европската сцена.
Следната натпреварувачка сезона во Мотор Запорожје ќе биде осма за литванскиот ракометар.

(фото – Рк Мотор Запорожје)📷