Еурофарм

Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите, во Битола совладан Металург

Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите во Суперлигата, откако на домашен терен убедливо ја совлада екипата на Металург со 39-23.

Металург доминираше до 10. минута, потоа Еурофарм Пелистер 2 направи серија и го презеде водството. На полувреме резултатот беше 16-10 за домашната екипа. Во второто полувреме серијата на Еурофарм Пелистер 2 продолжи, а Металург со десет играчи во составот неможеше ништо да направи и со пораз си замина од Битола.

Најефикасен во екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше Петар Атанасијевиќ со осум погодоци, додека кај составот на Металург беше Златко Хорват со седум погодоци.

Рк Еурофарм Пелистер 2 39-23 Рк Металург

(фото-Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести