Составот на Вардар ја совлада екипата на Охрид на домашен терен со убедливи 33-26.
Вардарци ја одржуваа предноста во текот на целиот натпревар, на полувремето предноста беше 17-9. Во второто полувреме Вардар продолжи со исто темпо и го совлада Охрид во Јане Сандански.
Најефикасен кај екипата на Вардар беше Тимур Дибиров со 11 погодоци, додека кај екипата на Охрид најефикасен беше Филип Кривокапиќ со седум погодоци.
Рк Вардар 1961 33-26 ГРК Охрид
(фото-Денис Дуковски/Рк Вардар 1961)📷