ЃП

Ѓорче Петровки подобри од ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет

Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа победа на домашен терен против екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со конечни 39-20.

Ѓорче Петровки заминаа на полувреме со висока предност 23-9. Во вториот дел домашната екипа продолжи да го полни голот на гостинската екипа, и да ја завери убедливата победа од 39-20 во Суперлигата.

Најефикасна во Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со седум погодоци, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Диана Димова со осум погодоци.

ЖРК Ѓорче Петров 39-20 ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет

(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.