Ракометарките на Стружанка дојдоа до победа на свој терен откако ја совладаа екипата на Астибо со конечни 34-28.
Стружанка од почетокот на натпреварот направи добра серија, за на полувреме да има водство од шест гола предност 18-12. Во вториот дел од натпреварот добрата серија на домашната екипа продолжи, за на крај да се радува на победа во Суперлигата.
Најефикасна во екипата на Стружанка беше Магдалена Делиоска со 12 погодоци, додека кај екипата на Астибо најефикасна беше Марија Анчева со десет погодоци.
ЖРК Стружанка 34-28 ЖРК Астибо
(фото-ЖРК Стружанка)📷