Екипата на Еурофарм Пелистер најави дека на полувремето ќе има хуманитарна акција.
“РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2021 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар 1961 (среда 18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот”, – се вели во соопштението од Рк Еурофарм Пелистер.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷