еурофарм вардар

Дербито помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар заврши без победник

Дербито помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 заврши нерешено со 27-27 кое беше одиграно во Битола во салата Боро Чурлевски.

Тимот на Вардар добро го почна натпреварот, и на полувреме имаше водство од 13-17. Во вториот дел двете екипи се бореа гол за гол. Во последните 10 секунди беше досуден пенал за Вардар, кој беше реализиран од Тимур Дибиров за реми на гостинската екипа.

Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со седум погодоци, додека кај екипата на Вардар 1961 најдобар стрелец беше Анте Гаџа со осум погодоци.

Рк Еурофарм Пелистер 27-27 Рк Вардар 1961

(фото-Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.