Јуниор Кисела Вода триумфално во Автокоманда против Металург РА

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода забележаа победа на гостувањето во Автокоманда кај екипата на Металург РА со конечни 37-29.

Јуниор Кисела Вода успеа на полувреме да замине со предност од 15-13. Во вториот дел играта на Металург РА падна, и немаше сили да возврати домашниот тим, и мораше да се задоволи со пораз.

Најефикасен во Јуниор Кисела Вода беше Филип Николов со осум погодоци, додека кај екипата на Металург РА беше Александар Прцуловски со девет гола.

Рк Металург РА 29-37 Рк Јуниор Кисела Вода

(фото-Рк Јуниор Кисела Вода)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.