Екипата на Струга забележа убедлива победа против екипата на Металург со 35-21 во натпревар од Супер лигата.
Уште во првиот дел од натпреварот составот на Струга го презеде водството, и на полувреме имаше водство од 17-9. Во вториот дел екипата на Струга продолжи да го полни голот на Металург, за на крај да извојува победа на домашен терен.
Најефикасен во Струга беше Жарко Бајрактаревиќ со десет погодоци, додека кај Металург најефикасен беше Милан Лазаревски со седум погодоци.
Рк Струга 35-21 Рк Металург
(фото-Рк Струга)📷