жрк металург

Металург без проблеми обезбеди три бода кај Овче Поле Славјански Универзитет

Тимот на Металург оствари лесна победа во Свети Николе кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет со конечни 36-28.

Екипата на Металург со добра одбрана и добар напад го презеде водството на полувреме од 18-13. Во вториот дел продолжи истото темпо на игра, и беше обезбедена победата на ракометарките на Металург.

Најефикасна во тимот на Металург беше Марија Гугуљанова со 13 погодоци, додека кај екипата на Овче Поле Славјански Универзитет најефикасна беше Елена Вучевска со девет погодоци.

ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет 28-36 ЖРК Металург

(фото-ЖРК Металург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.