ЖРК Деспина

Деспина со лесен триумф против Шампион

Ракометарките на Деспина забележаа победа на домашен терен против составот на Шампион со конечни 31-23.

Деспина го контролираше резултатот во првиот дел, и на полувреме имаше водство од 14-11. Во вториот дел од натпреварот Деспина го сочува резултатот до крај, и забележа победа во Супер лигата.

Најефикасна во екипата на Деспина беше Елена Рипилоска со 13 погодоци, додека кај екипата на Шампион најефикасна беше Ангела Петровска со седум погодоци.

ЖРК Деспина 31-23 ЖРК Шампион

(фото-ЖРК Деспина)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.