Екипата на Куманово забележа победа против екипата на Металург РА во натпревар од Првата лига, со конечни 32-25.
Составот на Куманово добро го почна натпреварот, и на полувреме имаше водство од 16-12. Во вториот дел од натпреварот кумановци ја заверија победата во Првата лига.
Најефикасен во екипата на Куманово беше Андреј Миладиновски со десет погодоци, додека кај екипата на Металург РА најефикасен беше Александар Прцуловски со осум погодоци.
МРК Куманово 32-25 Рк Металург РА
(фото-МРК Куманово)📷