Кире Лазаров со Нант го освои Лига Купот во Франција

Екипата на Нант го освои првиот трофеј оваа сезона, откако во финалето во Лига Купот го совлада Шамбери со 28-21.

На полувремето Нант имаше водство од 13-10. Во вториот дел продолжи добрата игра на Нант, за на крај да слави победа против Шамбери и да го освои Лига Купот во Франција.

Најефикасен во екипата на Нант беше Валеро Ривера со шест погодоци, кај екипата на Шамбери најефикасен беше Артур Анкетил со четири погодоци.

Нант 28-21 Шамбери

(фото-Рк Нант)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.