МОК

Кадетската женска репрезентација и Сара Ристовска со признанија од ” Златна Олимпија “

Во организација на Македонски Олимписки Комитет се одржа манифестацијата ” Златна Олимпија “, доделување на награди за најуспешни жени во спортот.

На овој состанок беа поканети сите учесници, директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски и други високи претставници на националните спортски федерации.

За најуспешна репрезентација прогласена е Kадетска женска репрезентација во ракомет која го освои првото место на ЕХФ шампионат во Литванија за ракометарки до 17 години. Прв ваков забележителен успех во младинските категории на македонската женска ракометна репрезентација. Со триумфот на ЕХФ шампионатот во Литванија, македонската репрезентација обезбеди пласман на наредните Европски шампионати за кадетки (У17) и за младинки(У19).

Ракометарката Сара Ристовска која настапува во ЦСКА Москва, беше прогласена за најдобра спортистка во екипните спортови.

Доделена беше и награда за спортската новинарка со најголем придонес за спортот во 2021 година, а добитник е Билјана Благоеска од Порталот 24 ракомет.

(фото-МОК)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести