германија

Алфред Гисласон останува селектор на Германија до 2024 година!

Селекторот на Германија Алфред Гисласон го продолжи договорот со Ракометната Федерација на Германија, договорот е продолжен до 2024 година.

Без разлика на кое место ќе заврши Германија на Европското Првенство, федерацијата му го продолжи договорот на исландскиот тренер Алфред Гисласон.

Претходно тој беше селектор на репрезентацијата на Исланд од 2006 до 2008 година, тренер на Кил од 2008 до 2019 година, и сега селектор на Германија од 2020 до 2024 со можност за продолжување на договорот.

„Со целото свое искуство, Алфред Гисласон одлично се вклопува во обновата на нашата репрезентација. Оваа нова и млада репрезентација ќе може да користи таков искусен тренер како цврст камен“, – вели Андреас Михелман, претседател на Германската ракометна федерација.

(фото – Ракометна Федерација на Германија)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести