zrk gjorce petrov

Ѓорче Петров доминираше на теренот против Спартак

Ракометарките на Ѓорче Петров забележаа победа против екипата на Спартак со убедливи 41-26 во натпревар од Супер лигата.

Ѓорче Петров со добра одбрана и добар напад на полувреме замина со високо водство од 21-9. Во второто полувреме Ѓорче Петров ја завери победата против Спартак.

Најефикасна во составот на Ѓорче Петров беше Ана Марија Коларовска со 11 погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со 12 погодоци.

ЖРК Ѓорче Петров 41-26 ЖРК Спартак

(фото-ЖРК Ѓорче Петров)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.