МРТВ ќе го пренесува Европското Првенство во 2022 година!

Европското Првенство во Унгарија и Словачка ќе го пренесува македонската радио телевизија.

Тоа значи дека МРТВ ги откупи правата, и Македонија ќе има македонски коментатор на Европското Првенство.

МРТВ ќе ги пренесува мечевите во термините од 18:00 и 20:30 во групната фаза, а потоа во сите термини кога ќе се игра главната рунда од 15:30, 18:00 и 20:30 часот.

Најавени се и емисии со стручни аналитичари пред натпреварите на Македонија како и пред другите натпревари кој ќе бидат пренесувани.

(фото-РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.