Ристо Арнаудовски поранешен ракометар со македонско потекло кој е роден во Загреб и има настапувано во повеќе клубови е нов тренер на австрискиот тим Ферлах.
Ристо Арнаудовски настапуваше и за македонската репрезентација на Светското првенство во 2017 година во Франција. Претходно 40 годишниот лев бек работеше во младинската екипа, а сега е нов тренер на првата екипа.
Тој има настапувано за Дубрава, ППД Загреб, Ливри, Алпла, има настапувано и за Ферлах.

(фото – Рк Ферлах)📷