Школата “Ракомет за секое дете” го одржа првиот предновогодишен турнир

Школата Ракомет За Секое Дете го одржа својот прв предновогодишен турнир во салата Јане Сандански, на кој настапија сите школи од истоимената школа од сите градови во кој постои таа.

Децата од школите од Велес, Аеродром, Кисела Вода, Карпош и Битола го одиграа првиот предновогодишен турнир во ракомет организиран од школата Ракомет За Секое Дете. Натпреварите се играа на голем ракомет и мини ракомет, резултатите не беа во преден план.

Турнирот се одржа во машка и женска конкуренција. Децата на овој турнир се забавуваа, се запознаваа, се дружеја, собираа искуство. На крајот од турнирот сите учесници добија награди и подароци од организаторот на турнирот.

Целата фотогалерија може да ја погледните на линков:

https://www.facebook.com/RakometZaSekoeDete

(фото-Рк Ракомет За Секое Дете)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести